Македонија Одложен почетокот на судскиот процес за случајот „Јустиција“

Одложен почетокот на судскиот процес за случајот „Јустиција“

Почетокот на судскиот процес за случајот „Јустиција“, кој беше закажан за денеска, е одложен поради болест на три дактилографки, јавува телевизијата „Телма“.

Во случајот се обвинети 13 лица, судии и стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, кои се товарат за несовесно работење во службата, односно дека намерно чувале предмети во фиока до нивно застарување.

Полициската акција со кодно име „Јустиција“ беше спроведена во октомври минатата година и беа поднесени кривични пријави против 14 судии и 11 судски службеници од Одделот за прекршоци на Основниот суд Скопје 1.

Во меѓувреме, скопското Јавно обвинителство склучи шест спогодби со дел од обвинетите во случајот.