Македонија Одложен конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

Одложен конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

Конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ се одложува за подоцна оваа година, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

„Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и мерките кои се преземаат во нашата земја, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги известува сите новинари дека конкурсот се одложува на неодредено, односно до завршување на пандемијата и прекин на рестриктивните мерки со цел нејзино сузбивање. Бидејќи првичниот рок за аплицирање беше 1 април, а на нашата електронска пошта веќе стигнаа повеќе пријави, ги известуваме сите кои веќе се пријавија дека нивната апликација е важечка и ќе биде земена предвид при повторното отварање на конкурсот,“ се вели во соопштението на ССНМ.