Македонија Одбележување на 71-годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада

Одбележување на 71-годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада

Споменик на паднатите борци од НОБ

Со пригодна свеченост, борците од НОВ од Охрид и од Дебрца денеска ќе ја одбележат 71-годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада во селото Сливово.

Самиот настан секоја година традиционално се одбележува во селата Сливово и Белчишта, а предвидено е цвеќе да биде положено пред споменикот на паднатите борци од Илинден – 1903 и НОАВМ 1941-1945 во Сливово. Таму ќе биде посетен и спомен-домот во старото училиште, а за значењето на оваа бригада ќе говори историчарот Наце Иваноски.