Македонија Одбележани 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Одбележани 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија денеска делегации на Градот Скопје, на Владата,  Собранието, Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии и од сите општини на Град Скопје, дипломатскиот кор во Македонија, како и од здруженија на граѓани и други организации.

Цвеќе положија и делегации на јавните претпријатија и на културните установи на Град Скопје, членови на Црвениот крст и припадници на други јавни институции од земјава.

Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.
Вечерва во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање „Поетесите за својот град“, а во 20.30 часот, градоначалникот Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе  ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.