Култура Одбележани 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Одбележани 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Изложба „Скопје 1963 – пред и потоа“ беше отворена синоќа, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што Скопје го остави во урнатини во 1963 година.

– Од колективната меморија на скопјани, не е избришан 26 јули 1963 година.Скопје се сеќава на неколкуте минути во кои жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. Скопје денес е познат како град на солидарноста, секако најмногу поради хуманитарниот ангажман на државите од Европа и од светот – истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на отворањето на изложбата.

Семејството Битољану донираше документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје.