Македонија Од вечерва повторно полициски час, изминатово деноноќие 436 граѓани казнети за неносење...

Од вечерва повторно полициски час, изминатово деноноќие 436 граѓани казнети за неносење маска

Полицаец на полициска контрола за време на полициски час, 10 март 2021. Фото: МВР

По временото повлекување на полицискиот час изминатата ноќ, заради празнувањето на Велигден, од вечерва повторно е на сила забраната за движење на граѓаните, освен со посебна дозвола, од 21 часот до 5 часот следниот ден. Минатата година во текот на повеќедневните велиденски празнувања беше на сила неколкудневна забрана за движење.

Времено повлекување на полицискиот час ќе има и за Рамазан Бајрам, за неполни две седмици, но освен во тој еден ден, во целиот овој период до 15 мај, до кога важат најновите владини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, ќе биде забрането движењето до 21 до 5 часот.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полицијата открила и казнила 436 граѓани што не носеле заштитни маски.