Економија Од вечерва на полноќ поскапува дизелот

Од вечерва на полноќ поскапува дизелот

Бензинот останува иста цена

Фото: Мета.мк

Дизелот од вечерва на полноќ поскапува за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од вечерва на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 78 денари по литар. Бензините ЕУРОСУПЕР 98 и 95 остануваат по иста цена, односно 83,5 и 81,5 денари по литар.

Остануваат исти и цените на екстра лесното масло и мазутот, кои ќе се продаваат за 77, односно 41,3 денари по литар.