Економија Од утре нови цени на горивата

Од утре нови цени на горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари

Фото: Мета.мк

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 77,50 денари за литар.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, додека цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 денари за литар.