Хроника Од стан во Куманово, украден плен вреден 12.500 евра

Од стан во Куманово, украден плен вреден 12.500 евра

Непознат сторител вчера претпладне провалил во стан во Куманово и украл пари, златен накит и рачни часовници. Вкупната вредност на пленот била проценета на околу 765.000 денари, или околу 12.500 евра, информира полицијата.

Кражбата се случила во периодот од 10.30 до 12 часот, во станот на Н.Т. на улицата Страшко Арсов.

Крадецот во станот влегол откако со калауз ја отворил влезната врата. Претурал по собите и одзел 10.000 евра, разновиден златен накит и три рачни часовници.

Полицијата засега нема осомничен за оваа тешка кражба.