Хроника Од стан во Дебар-маало украден накит вреден 6.000 евра

Од стан во Дебар-маало украден накит вреден 6.000 евра

Непознат сторител деновиве провалил во дом на 46-годишен скопјанец и украл плен чија вредност била проценета на околу 360.000 денари, односно околу 6.000 евра.

Според полициските информации, кражбата се случила во периодот меѓу петокот, минатата недела и вторникот неделава, во стан на улицата Орце Николов, во Дебар-маало, во центарот на Скопје.

Крадецот од станот однел златен накит, вреден околу 6.000 евра.

Полицијата засега нема осомничено лице за оваа тешка кражба.