Хроника Од стан на тетовец украдени златен накит и пари

Од стан на тетовец украдени златен накит и пари

Разновиден накит, денари и девизи, вчера биле украдени од станот на 55-годишен тетовец, информира полицијата.

Вредноста на украдениот плен била проценета на околу 480.000 денари или околу 7.800 евра.

Според полицијата, од станот бил украден разновиден златен накит, 2.400 евра, 42.000 денари и 1.000 долари.

Полицијата засега нема осомничено лице за тешката кражба.