Свет Од Средоземно Море спасени повеќе од 250 бегалци

Од Средоземно Море спасени повеќе од 250 бегалци

Повеќе од 250 бегалци биле спасени денеска во меѓународните води кај Либија, изјавил претставник на организацијата Лекари без граници.

Според неговите зборови, бегалците биле спасени во две одвоени акции. Во едната спасени биле 130 луѓе, а во другата 127, меѓу кои имало жени и деца. По нивното спасување, тие биле префрлени во Италија.

Во заедничка операција на бродови на земјите на Европска унија, на 19 септември, од Средоземно Море биле спасени повеќе од 4.500 бегалци кои тргнале од Либија.