Хроника Од скопска фирма украден сеф со пари, пиштол и документи

Од скопска фирма украден сеф со пари, пиштол и документи

Непознат сторител, ноќта меѓу понеделникот и вторникот, провалил во фирмата „Боико инженеринг“ на улицата Њуделхиска и украл метален сеф со плен чија вредност била проценента на околу 3.000 евра, информира полицијата.

Како што информираат од полицијата, крадецот во фирмата влегол насилно отворајќи ја влезната врата, а во металниот сеф што го одзел, имало 1.200 евра, пиштол, марка „застава М-88“, издаден со дозвола, куршуми и разни документи.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.