Хроника Од пожарот во Велес спасено 16-годишно момче, срушените скали кобни за 74-годишната...

Од пожарот во Велес спасено 16-годишно момче, срушените скали кобни за 74-годишната жена

Јелица Б. (74) е идентитетот на велешанката што синоќа го загуби животот во пожар кој избувна во куќа на улицата Ѓоре Органџиев во Велес, а кој се прошири на уште две куќи, информира МВР.

Полициската екипа која учестувала во извлеквањето на лицата кои биле во куќата каде настанал пожарот, успеале да спасат 16-годишно момче кое имало знаци на труење со чад. Момчето било извлечено преку прозорец и веднаш му била укажана помош од екипа на итната медицинска помош. И покрај обидите да ја извлечат и Јелица Б., срушените скали од огнот ги спречиле спасувачките екипи да се пробијат на горниот кат од куќата каде била жената.

Три лица, кои учестувале во гаснењето на пожарот, добиле телесни повреди откако експлодирала боца со јаглерод диоксид во куќата каде избувнал пожарот.