Економија Од ноќеска ќе поскапат сите горива

Од ноќеска ќе поскапат сите горива

фото: Мета.мк

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат, во просек, за 1,34 отсто во однос на одлуката од 9 јануари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за 1 денар и од полноќ ќе се продава по цена од 80 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 ќе порасне за 1,5 денари, па литар моторен бензин Еуросупер БС-98 од вечерва ќе чини 82,5 денари.

За 1 денар поскапува и дизелот, кој на бензинските станици од ноќеска на полноќ ќе се продава за 81,5 денари за литар. Новата цена на Екстра-лесното масло за домаќинство ќе изнесува 81 денар за литар, по поскапувањето за 1,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,176 денари и сега ќе изнесува 39,459 денари за литар.

Од РКЕВУ информираат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,785 отсто.