Македонија Од ноќеска Еуросупер БС-95 поскап за два денара по литар

Од ноќеска Еуросупер БС-95 поскап за два денара по литар

фото: Marek Studzinski на Unsplash

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Со новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 92,5 денари по литар

Цените на безнинот Еуросупер БС-98, дизелот, мазутот и екстра-лесното масло за домаќинство не се менуваат. Еуросупер БС-98 и понатаму ќе се продава по цена од 94,5 денари по литар, дизелот чини 99 денари за литар, мазутот 50,067 денари по килограм, додека цената на екстра-лесното масло останува 93 денари за литар.

Од РКЕВУ информираа дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,25 отсто.