Свет Од Мосул побегнале 900 цивили, соопштија ОН

Од Мосул побегнале 900 цивили, соопштија ОН

Најмалку 900 лица побегнале од ирачкиот град Мосул и преминале во Сирија, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР).

Ова е прва поголема група цивили за кои е потврдено дека побегнале од Мосул од почетокот на офанзивата за ослободување северниот ирачки град, наведува „Би-би-си“.

Како што се проценува, во Мосул има 1,5 милиони лица и околу 5.000 милитанти.

Портпаролката на канцеларијата на високиот комесар за бегалци тече дека најмалку 900 лица ја минале границата и се сместени во сириски бегалски камп.

Ирачката влада во понеделникот покрена офанзива за преземање на контролата над Мосул, а повеќе агенции на ОН ги интензивираа подготовките за очекуваниот егзодус на цивили од овој град.