Хроника Од куќа во Скопје крадец однел плен вреден 1,2 милиони денари

Од куќа во Скопје крадец однел плен вреден 1,2 милиони денари

Крадец вчеравечер провалил во куќа на булеварот Партизански одреди и однел плен вреден околу 1,2 милиони денари, информираат од полицијата.

Како што информираат оттаму, кражбата се случила во периодот меѓу 18.20 и 20.40 часот во станот на О.Г. (38), каде непознатиот сторител провалил со помош на погоден алат.

Од куќата, според полицијата, биле украдени 7.000 евра, 2.000 американски долари, 120.000 денари, златен накит, рачни часовници, конзола за компјутерски игри, таблет, мобилни телефони, лаптоп и две женски чанти.

Полициски екипи извршиле увид и трагаат по сторителот.