Хроника Од куќа во Порој украден златен накит вреден 7.000 евра

Од куќа во Порој украден златен накит вреден 7.000 евра

Тешка кражба вчера е регистрирана во тетовското село Порој, каде непознат сторител успеал преку отворен прозорец да влезе во куќата на 38-годишен жител на селото.

Според полициските информации, крадецот од куќата однел златен накит чија вредност била проценета на околу 427.000 денари или околу 7.000 евра.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.