Македонија Од корона вирусот во сите ковид центри се лекуваат 1.165 лица, има...

Од корона вирусот во сите ковид центри се лекуваат 1.165 лица, има 670 слободни кревети во болниците

Фото: Министерство за здравство

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.165 и има околу 670 празни болнички кревети, соопшти МИнистерството за здравство, според податоците добиени во последните 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 692 пациента. Во Битола се хоспитализирани 97 лица, во Штип 58, на инфективното одделение во Тетово има 35, во Велес 83, во Куманово 80, во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 75 пациенти, во Прилеп 68, во Гостивар 23, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица лежат 68 болни, во Кочани 23, во Кичево 25, во Кавадарци 30, а во Гевгелија 12 лица.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти, а вкупно 473 лица се лекуваат на инфективните оддели.

На Интерните и хируршки клиники имало 19 приеми, во ГОБ „8 Септември“ имало 19 нови приеми, 11 на Инфективната клиника, во Козле не биле примени нови болни, на Клиниката за Детски болести имало 8 нови пациенти, а на Институтот за физикална медицина еден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 83 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 194 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 117, на Клиниката за инфективни болести лежат 120 пациенти, а на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле, има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести се лекуваат 3 деца позитивни на ковид-19 и 3 мајки, а на ГАК лежат 3 пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 19 болни.

„Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 220 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопшти Министерството за здравство.