Свет Од ебола досега умреле 7.842 лица

Од ебола досега умреле 7.842 лица

Бројот на жртвите од ебола во трите најпогодени земји во Западна Африка, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, се зголеми на 7.842, соопшти Светската здравствена организација.

Во овие земји бројот на заболените од овој смртоносен вирус е 20.081. Повеќе од третина од потврдените заразени случаи се во Сиера Леоне, земјата која најмногу беше погодена од оваа болест.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун минатата недела ги посети Либерија и Сиера Леоне, каде ги пофали здравствените работници кои им помагаат на заболените и се борат да го запрат ширењето на епидемијата.