Македонија Од денеска „бомбите“ на СДСМ се на пауза

Од денеска „бомбите“ на СДСМ се на пауза

„Бомбите“ што веќе неколку месеци ги објавува опозицијата, од денеска ќе бидат на пауза, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Како што кажа, причината за паузата е големиот граѓански митинг што треба да почне утре, во 14 часот, пред објектот на Владата.

– Со објавувањето на овие разговори почнува пауза на „бомбите“. Ние сè уште имаме разговори за објавување и ако Никола Груевски не си даде оставка, ќе продолжиме да ги објавуваме. Досега објавивме само околу 500 разговори, а имаме многу повеќе. На граѓаните им останавме должни за уште една „бомба“, но ќе разберат дека поради чувствителноста на ситуацијата, тие разговори не можат да бидат објавени сега. Сепак, како што ветивме, и тој разговор ќе биде објавен – изјави Заев.