Хроника Обвинителството има осомничен во врска со изгореното тело пронајдено кај Љуботен

Обвинителството има осомничен во врска со изгореното тело пронајдено кај Љуботен

Основното јавно обвинителство – Скопје издало наредба за истражна постапка за едно лице поради сомнеж дека сторило свирепо убиство. Лицето е осомничено дека е одговорно за пожарот на ливада кај селото Љуботен на 4 август годинава, по чие гаснење е пронајдено изгорено човечко тело.

Жртвата била жена. Осомниченото лице е приведено и обвинителството за него побарало притвор од 30 дена.