Хроника Обвинителството ги испитува причините за излетувањето на автобусот кај Демир Хисар

Обвинителството ги испитува причините за излетувањето на автобусот кај Демир Хисар

Десет лица биле повредени во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи во близина на Демир Хисар, кога автобус со скопски регистарски таблички излета од патот.

Од Обвинтелството денеска соопштија дека кај возачот на автобусот лекарите констатирале тешки телесни повреди, а девет патници поминале со полесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршил надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола.

„Надлежниот обвинител ги презема сите потребни дејства за расветлување на настанот. Прибрани се материјални докази и траги од местото, извршено е скицирање и фотографирање, издадени се понатамошни наредби за вршење на потребни вештачења за утврдување на причините за сообраќајната несреќа“, велат од ОЈО Битола.