Македонија Обвинителот Ајро побара затворски казни, конфискација на имот и да се плати...

Обвинителот Ајро побара затворски казни, конфискација на имот и да се плати штетата во случајот „Трезор“

Зградата на Основен кривичен суд и Основен суд Скопје 2 | Фото: Архива на Мета

Oбвинителот Артан Ајро во завршните зборови за случајот „Трезор“ денеска побара судијката Џенета Бектовиќ на обвинетите лица да им изрече казни затвор но и конфискација на имот, бидејќи како што истакна тој, обвинетите кривичните дела ги сториле од лукративен карактер.

Покрај затворски казни во пресудата, Обвинителството од Основниот кривичен суд-Скопје побара обвинетиот Сашо Мијалков да го задолжи да надомести износ од 11 милиони денари, Горан Грујоски 11 милиони денари, Небојша Станковиќ 6 милиони денари и обвинетиот Тони Јакимовски 7 милиони денари.

„Предлагам Судот обвинетите да ги прогласи за виновни и осуди согласно Законот за кривичните дела кои им се ставаат на товар, а при одмерување на видот и висината на казната да ги има предвид сите законски предвидени олеснувачки и отежувачки околности, како и да ги заложи обвинетите да ги надоместат трошоците на постапката,“ изјави Ајро.

Тој побара конфискација на имот односно на возило „ауди“ и финансиски средства од две сметки, од денарска сметка во Охридска банка во вредност од 838.106 денари и девизна банкарска сметка 145.619 евра.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски. Тројца од нив се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, додека на Тони Јакимовски му се суди за помагање.

Следното рочиште за завршните зборови на одбраната е закажено за 5 април.