Свет Балкан Обвиненија за 85 турски генерали по неуспешниот обид за државен удар

Обвиненија за 85 турски генерали по неуспешниот обид за државен удар

Турските правосудни власти поднеле обвиненија против 85 генерали и адмирали на војската, по неуспешниот обид за државен удар, додека неколку десетици сè уште се наоѓаат на распит, јавува турската државна агенција „Анадолија“.

По неуспешниот обид за пуч на 15 јули, во кој загинаа околу 300 луѓе, притворени се вкупно 103 генерали на турската војска, против кои се води истрага.

Меѓу обвинетите е и командантот на турските воздухопловни сили, генералот Ердал Остурк, кој призна дека дејствувал со намера да спроведе државен удар.