Свет Балкан Обвиненија за 13 осомничени за нападот во Истанбул

Обвиненија за 13 осомничени за нападот во Истанбул

Турските власти поднесоа обвиненија против 13 лица поради сомневање дека се вмешани во самоубиствениот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.

Десет од осомничените, како што јавуваат турските медиуми, се државјани на Турција. Осомничените се наоѓаат во полициски притвор и се товарат дека припаѓаат на терористичка организација, како и за убиство и за загрозување на единството на државата.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изнесе повеќе детали од истрагата, наведувајќи дека полицијата до денеска уапсила вкупно 29 лица, за кои постои сомнеж дека биле поврзани со нападот и оти меѓу нив има и странци.

Властите ја обвинуваат Исламска држава дека стои зад нападот во кој се убиени 45 лица, вклучувајќи и 19 странци.
Турски претставници претходно објавија дека тројцата бомбаши самоубијци биле државјани на Русија, Узбекистан и на Киргистан.