Економија Обуки на жени претприемачи за подобрување на продажбата

Обуки на жени претприемачи за подобрување на продажбата

Дури 50 жени претприемачи годинава ќе може да учествуваат во програмата за обуки за зголемување на продажбата, спроведувана во Македонија со швајцарски пари. Во досегашните обуки биле опфатени седум компании, кај кои биле забележани значителни подобрувања во работењето, односно зголемување на продажбата до 40 отсто, подобра организираност, намалување на работното време, а зголемување на профитот, како и дополнителни договори и клиенти.

Обуките се  поддржани и кофинансирани од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која ја спроведуваат „Свисконтакт“ и „Преда плус“. Оваа година ИМЕ-програмата ќе опфати уште 50 претприемачки кои работат во подрачјата зелена економија, креативни индустрии и туризам и угостителство. Дел од трошоците за обуките ги плаќаат учесничките, а другиот дел е од ИМЕ.