Македонија ОБСЕ повика насилството да престане, а полицијата да ја осигури безбедноста

ОБСЕ повика насилството да престане, а полицијата да ја осигури безбедноста

Шефицата на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, преку својот твитер-профил повика да престане насилството во Собранието, а полицијата да ја осигури безбедноста на пратениците.

„Напната ситуација во Скопје. Насилството треба да престане, полицијата треба да ја осигури безбедноста на Собранието и на пратениците“, напиша Суомалаинен на својот твитер-профил.