Македонија Облачно време со врнежи од дожд и температура до 11 степени

Облачно време со врнежи од дожд и температура до 11 степени

Времето денска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните делови каде ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен. Во југозападните делови можна е појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од шест до 11 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, со температура до 10 Целзиусови степени.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и снег, како и заладување се очекуваат за време на викендот.