Македонија Облачно време со температура до 29 степени

Облачно време со температура до 29 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со појава на повремен локален дожд во попладневните часови, особено во планинските региони.

Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Утринската температура се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а днeвната се очекува да достигне меѓу 23 и 29 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде слично, односно променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб локален дожд.

Дневната температура се очекува да достигне до 28 Целзиусови степени.