Македонија Облачно време, со температура до 26 степени

Облачно време, со температура до 26 степени

Времето во Македонија денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува зголемување на облачноста и услови за локален дожд, особено во северните делови од земјата.

Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Утринската температура се движи од 7 до 15 Целзиусови степени, а дневната се очекува да достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, времето претпладне ќе биде сончево, со умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер.

За попладне се очекуваат услови за краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до 23 Целзиусови степени.