Македонија Облачно време со температура до 15 степени

Облачно време со температура до 15 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, особено во западните делови од земјава.

Ќе дува засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови. Температурата ќе се движи од 9 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура до 15 Целзиусови степени.