Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините, претежно во јужниот дел од земјава, дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Tемпература на воздухот ќе опадне за 8 до 10 Целзиусови степени во споредба со вчерашната.

Минималната температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната од 8 до 14 Целзиусови степени.