Македонија Облачно време со локален дожд

Облачно време со локален дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен на повисоките места, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10 Целзиусови степени.

Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места. Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава.