Македонија Oблачно време со кратки сончеви периоди

Oблачно време со кратки сончеви периоди

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд нè очекува во текот на денешниот ден. Врнежите од дожд повеќе ќе бидат застапени во западните делови од земјава.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до 6 Целзиусови степени, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 13 степени.