Македонија Облачно време со густа магла по котлините

Облачно време со густа магла по котлините

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни делови од земјава ќе има повремени локални врнежи од дожд.

По котлините ќе има магла, но околу пладне таа ќе се расчисти. На повисоките места и на планините ќе биде потопло. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 5 до 13 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 2 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 5 Целзиусови степени.