Македонија Облачно време со дожд, на некои места големи врнежи со силен ветер

Облачно време со дожд, на некои места големи врнежи со силен ветер

Времето во земјава денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер на одредени места. Пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/ч), може да се очекуваат особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.

Утринската температура се движи од 6 до 14 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 10 и 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура достигна до 10 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се искачи до 15 степени.