Македонија Облачно време со дожд, на места ќе има и грмежи

Облачно време со дожд, на места ќе има и грмежи

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Тоа особено се однесува на западните делови на земјава, а таму покрај пороен дожд на места ќе има и грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 Целзиусови степени.

За утре метеоролозите најавуваат претежно облачно времен, со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер.