Македонија Облачно време, попладне со услови за пороен дожд и град

Облачно време, попладне со услови за пороен дожд и град

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната температура ќе се движи од 13 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до 13, а дневната температура до 22 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонската активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо време, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.