Македонија Облачно време, попладне со услови за пороен дожд

Облачно време, попладне со услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 15, а максималната ќе достигне од 20 до 29 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, попладне со услови за краткотраен пороен дожд.