Македонија Облачно со температура до 10 степени

Облачно со температура до 10 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд и снег  претпладнево во поголемиот дел од земјата, а на повисоките места и на планините од снег.
Ќе дува умерен северен ветер кој, долж Повардарието ќе засилува.

Дневната температури ќе се движи во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладнево ќе врне повремен дожд. Попладне ќе има намалување на облачноста и слаб до умерен претежно северзападен ветер.

Температурата ќе достигне до 7 Целзиусови степени.

Утре и в среда ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има в четврток, кога ќе се задржи облачно време и ќе започне да дува југоисточен ветер.