Македонија Облачно време со повремен дожд и со температура до 16 степени

Облачно време со повремен дожд и со температура до 16 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Повеќе врнежи од дожд се очекуваат претпладне и кон крајот на денот во западните делови од земјава.

Дневната температура ќе се движи од 7 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно со повремен дожд и со умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 15 Целзиусови степени.