Македонија Облачно и врнежливо време со температура до 19 Целзиусови степени

Облачно и врнежливо време со температура до 19 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на места и со ретки грмежи. Во вечерните часови се очекуваат пообилни врнежите од дожд, особено во северозападните и во северните делови на земјата, каде се предвидува да наврнат повеќе од 20 литри на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а максималната од 14 до 19 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 17 Целзиусови степени.

Облачно и врнежливо време нè очекува и утре, а од четврток ќе настапи стабилизирање на временските услови и благ пораст на температурата.