Македонија Облачно и свежо време со засилен ветер

Облачно и свежо време со засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за проврнување повремен слаб дожд, додека на планините и на некои повисоки места ќе врне слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието и во источните делови на земјава.

Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со сончеви периоди. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Променливото и релативно свежо време ќе се задржи до викендот, кога се очекува намалување на облачноста и зголемување на температурата.