Македонија Облачно и студено време со услови за провејување на слаб снег

Облачно и студено време со услови за провејување на слаб снег

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус 4 Целзиусови степени, а дневната од минус 2 до 4 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време утринската температура ќе се спушти до минус 9, а дневната ќе се искачи до 1 Целзиусов степен.