Македонија Облачно и студено време со слаб локален снег

Облачно и студено време со слаб локален снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаби и локални врнежи претежно од снег. Особено студено ќе биде во утринските часови.

Во западните и крајните северни делови ќе провејува повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.

Највисоката температура преку денот ќе достигне од минус 3 до 3 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слабо проврнување на снег. Температурата ќе достигне до околу нула.