Македонија Облачно и посвежо време

Облачно и посвежо време

Времето денеска ќе биде променливо, на места значително облачно и посвежо, со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер.

Температурата на воздухот ќе биде значително пониска во однос на претходните денови. Утринската температура ќе се движи од 12 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 24 степени.