Свет Европа Објавено името и на вториот напаѓач во црквата во Франција

Објавено името и на вториот напаѓач во црквата во Франција

Вториот напаѓач во црквата во Нормандија е идентификуван како 19-годишниот Абдел Малик Петитџан, информираат од француското обвинителство.

Петитџан е од град во Источна Франција, во близина на границата со Германија, наведуваат француските медуми.

Во јуни полицијата отворила досие за Петитџан поради сомневање дека е радикализиран, а владата наведува дека во земјата има околу 10.500 такви лица.

Двајцата мажи убија свештеник со нож и држеа неколку заложници во црква во Сент Етјен ду Рувре пред да бидат убиени од француски специјалци.

Претходно, првиот напаѓач беше идентификуван како Абдел Кермиш (19), кој двапати бил уапсен на пат кон Сирија. Тој се наоѓал во куќен притвор и за време на нападот носел електронска алка.

Исламска држава објави видеозапис во кој се прикажани двајцата мажи што го убија свештеникот во француската црква, како ветуваат лојалност на лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади.