Видео Објавена снимка од обуката на пилотот-самоубиец Лубиц

Објавена снимка од обуката на пилотот-самоубиец Лубиц

Видеозапис на кој Андреас Лубиц учи да пилотира со едрилица вчера се појави на интернет. На снимката се гледа тогаш 20-годишниот Лубиц како насмеан управува со едрилица на Германија.

Германскиот пилот е осомничен дека намерно ја предизвикал авионската несреќа во која загинаа 149 лица.

Како што пишува британскиот весник „Мирор“, семејството на пилотот Патрик Зонденхајмер го нападна Лубиц. Неговата баба вели дека Патрик од дете сонувал да стане пилот.

– Мојот внук е мртов поради идиот – рече жалостената баба Мариане, која тешко ги поднесува вестите за несреќата.

Бабата додала дека не може да го разбере потегот на Лубиц.
Пилотот Патрик Зонденхајмер бил татко на тригодишно момче и на шестгодишно девојче.